Потроши милијарди: Кина ја инсталира најголемата 5Г мрежа во светот

t

Кина има инсталирано 1,43 милиони базни станици за 5G до крајот на 2021 година, објави кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија, а 60 отсто од глобалната мрежа се наоѓа во таа земја.

Една базна станица за 5G во Кина моментално опслужува 10.000 луѓе, што е двојно повеќе отколку на крајот на 2020 година, според тоа министерство. Владините инвестиции во 5G мрежата достигнаа 29 милијарди долари минатата година.

Кина има намера да ја прошири својата 5G мрежа и една гигабитна мрежа со оптички влакна во 2022 година. Планот е следната година бројот на корисници на 5G да надмине 560 милиони, а на 18 корисници да им се доделат 18 базни станици.

Кина е водечка земја во светот кога станува збор за 5G мрежите, а операторите во таа земја им нудат на корисниците можност да ја користат од 2019 година.
Во текот на 2020 година, во Кина беа инсталирани околу 580.000 базни станици за 5G, а мрежата ги покрива сите поголеми градови.

Додека многу земји не ни почнале да ја користат 5G мрежата, кинескиот технолошки гигант „Huawei“ најави дека ќе започне со имплементација на 6G мрежата, која до корисниците треба да стигне во 2030 година, пренесува RT.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

САД и Кина започнаа нова рунда трговски…

Кина и САД започнаа нова рунда трговски…

САД исплашени од „кинеската суперамбасада“ во Лондон,…

Белата куќа ја предупреди Даунинг стрит (Владата…

Девизните резерви на Кина пораснаа на 3,28…

Девизните резерви на Кина достигнаа 3,28 трилиони…