Не е за секого криза: Собранието набавува мобилни, само за претплата ќе потрошат 200 илјади евра
обранието потпиша договор на крајот на јануари годинава со Македонски Телеком кој ќе трае две години. Набавува 270 мобилни линии со неограничени разговори и интернет по цена од 497 денари месечно, пишува ММС.
Пратенците во македонското собрание ќе се подноват со нови мобилни, а претплатата за телефоните македонските граѓани ќе ги чини 192.000 евра за две години односно околу 100.000 евра годишно.

Покрај неограничени разговори дома и неограничен интернет, пратениицте во пакетот имаат и бесплатни разговори со ограничено времетраење и во интернационални мрежи, СМС пораки, како и роаминг. Покрај ова „Македонски Телеком“ треба да му обезбеди на Собранието и субвенции од 72.000 евра за набавка на нови мобилни за 270-те линии од првиот тарифен модел, и за 120 за тој за тарифниот модел за пратениците.

Последниот договор на Собранието за мобилна телефонија беше пред две години, исто со „Македонски Телеком“ на истата сума од 192.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…