Објавено на:

Ѓоковиќ спремен да ги жртвува трофеите: Моето тело е најважно – нема да примам вакцина

t

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, во интервју за Би-Би-Си изјави дека е подготвен да жртвува големи трофеи доколку биде принуден да се вакцинира. Тој додаде дека не е антиваксер, но дека не сака да ја прими вакцината против вирусот Ковид-19.

Новинарот кој го интервјуираше светскиот рекет број еден беше многу директен и на почетокот на разговорот го праша Новак Ѓоковиќ дали ќе го жртвува учеството на Грен слем турнирите – Ролан Гарос, Вимблдон, УС Опен, дали вакцината е единствениот начин за натпреварување. Да потсетиме, Новак веќе мина низ 11 дена агонија во Австралија, по што беше депортиран од земјата.

„Да, тоа е цената што сум подготвен да ја платам. Никогаш не сум бил против вакцините, ги примав како дете, но секогаш ја поддржував слободата да избираш што ќе внесеш во телото. Принципите на одлучување во моето тело се поважни од која било титула или што било друго.

Се трудам да бидам во склад со моето тело што е можно повеќе. Мојот ум е отворен кога станува збор за можноста да бидам вакциниран во иднина, бидејќи сите работиме заедно да го најдеме најдоброто решение кога станува збор за борбата против коронавирусот. Ќе повторам, никогаш не сум бил против вакцинација и се надевам дека многу брзо сите ќе го видиме крајот на овој вирус“, истакна Ѓоковиќ.

Една од темите за време на интервјуто беа шпекулациите дека Ѓоковиќ намерно темпирал позитивен тест на 16 декември 2021 година, за по истекот на изолацијата да лета за Австралија и да настапи на Австралија Опен.

Ѓоковиќ не навлегува премногу во споменатата тема, но рече дека се надева оти мерките на одредени турнири во иднина ќе бидат помалку рестриктивни и додаде дека очекува долго време да игра на големи турнири.

„Бев длабоко разочаран и тажен од начинот на кој се ми се случи во Австралија. Грешката во декларацијата за виза не е направена намерно. Ова го прифатија и потврдија федералниот суд и министерот во Министерството за имиграција во Австралија. Она што малкумина го знаат е дека не бев депортиран од Австралија со образложение дека не сум вакциниран или прекршив некои правила. Сето ова е всушност одобрено.

Причината поради која бев депортиран од Австралија е тоа што министерот за имиграција ја искористи својата дискреција да ми ја одземе визата врз основа на перцепцијата дека можам да создадам момент против вакцинација во земја или град. Тоа е нешто со кое апсолутно не се согласувам“, изјави Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…

СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…