Дискриминација на занаетчиите: Само две услужни дејности ќе можат да работат во недела
Фризерско-козметичарските салони и цвеќарниците се единствените меѓу услужните дејности кои се водат како занаетчиски за кои ќе може да се направи отстапка и да им се дозволи да работат во недела. Тие сега немаат право да работат во недела, а како што информираат од нивната Комора, вчера на средба со министерката за труд и социјална политика добиле ветување дека отстапката за фризерите, козметичарите и за цвеќарите ќе се направи преку измени на Законот за работни односи.
Фризерско-козметичарските салони и цвеќарниците се единствените меѓу услужните дејности кои се водат како занаетчиски за кои ќе може да се направи отстапка и да им се дозволи да работат во недела.
Занаетчиите сега немаат право да работат во недела, а како што информираат од нивната Комора, вчера на средба со министерката за труд и социјална политика добиле ветување дека отстапката за фризерите, козметичарите и за цвеќарите ќе се направи преку измени на Законот за работни односи.
– Ние баравме да може да работат во недела сите занаетчии кои работат сами за себе и кои ќе сакаат да бидат отворени во денот за неделен одмор. Не сме задоволни од договореното, но ние не протестираме, па ќе се обидеме да договориме уште еден состанок, на кој се надевам дека ќе успееме да докажеме дека свадба без фотограф не бива. Кој ќе ги снима и ќе ги слика свадбите во недела ако фотографите не смеат да работат?, вели за весникот ВЕЧЕР Сашо Богоевски, претседател на регионалната Занаетчиска комора – Охрид и потпретседател на Комората на занаетчии на Македонија.
Тој додава дека претставниците на Министерството за труд и социјална политика на овој состанок не сакале ниту да слушнат за други измени на Законот, иако, како што вели, занаетчиите кои сакаат да ги отворат дуќаните во недела, немаат намера да експлоатираат нечиј труд, туку самите би работеле.
Од Министерството за труд и социјална политика вчера попладне ја потврдија средбата на која, како што соопштија од Занаетчиската комора, информирале за предизвиците со кои се соочуваат со новото законско решение „недела неработен ден“ и потребата од работа во недела на фризерите, козметичарите и на одредени пекарски и слаткарски производители.
– Законското решение недела да биде неработен ден се имплементира само месец и половина. Очекувам праксата да покаже какви се ефектите. Како Влада и како Министерство, ќе направиме дополнителни анализи за да утврдиме дали е постигната целта 92 отсто од работниците да не работат во недела, а оние 8 отсто кои работат во техничко-технолошкиот процес, кој не може да се прекине во недела, да добиваат 50 проценти повисока дневница – рекла Тренчевска.
Состанокот се случува сега, иако занаетчиите реагираа за одредбите на Законот со кои не им се дозволува да работат во недела уште пред тие да стапат во сила. Претседателот на таа Комора, Агрон Фазлији, тогаш предупреди дека многу ретки и стари занаети кои се застапени во чаршиите, како што се Скопската и Охридската, на пример златари, јорганџии… ќе останат без приходи, зашто, можеби, најголемиот промет го прават токму во недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за беровец, со коментар на…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе…
“Синоним за дискриминација на Балканот”: Бугарите се…
Изненадувачки и крајно несоодветни изјави кои преку…
Њујорк со закон забрани дискриминација врз основ…
Во Њујорк е донесен закон со кој…
Македонците во Албанија дискриминирани од албанското Министерство…
Македонското друштво “Илинден” -Тирана се јави со…
Сопругот на Јанкуловска: Освен во Авганистан, дискриминација…
Освен во Авганистан, и кај нас има…