На 18 Февруари ќе има смеење: Во МКЦ доаѓаат пет комичари
На 18 февруари, во „МКЦ клуб ресторан“, доаѓа Никола Радојловиќ од Белград, првпат пред скопската публика, да се претстави со свпојот нов комичен материјал наречен „Мала непријатност“.
Овој супер талентиран комичар е член на standup.rs повеќе години и добро ѝ познат на белградската сцена. Никола е еден од ретките слепи комичари на Балканот, а кога во интервју го прашуваат зошто решил да се занимава со комедија, тој вели дека тоа е зашто не сака да биде духовит по секоја цена.
Како засилување, од Охрид преку Стража во Скопје доаѓаат четворица стендап-комичари, кои ќе ѝ се претстават на публиката со материјалот BEST OF, внимателно селектиран по многу нивни настапи.
Настанот почнува во 20:30 часот, а билетите можете да ги набавите по цена од 400 денари на mktickets.mk и во продажната мрежа на „МК тикетс“ низ републиката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најдоски: ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во културата, на…
Прес-конференција, Мирче Најдоски, претседател на Комисија за…
Нема плати ни во Министерството за култура:…
17ти април, два дена после законскиот рок…
Синдикатот на култура излегува на протести!
Синдикатот на култура излегува на протести, објавија…
„На Љутков приоритет му е да го…
Синдикатот на вработените во Македонската филхармонија е…
Конкурсите за поддршка на проекти од културата…
Министерството за култура и туризам утре ќе…