Јавна објава на пресуда број XXXIIП5-51/18 од 31.01.2020 на Основен Граѓански суд Скопје

t

Тужбеното барање на тужителот, ДЕЛУМНО СЕ УСВОЈУВА.
СЕ УТВРДУВА дека второтужениот Друштво за истражување, анализа и маркетинг ЦИА ДООЕЛ од Скопје како издавач на порталот Инфомакс.мк е одговорен за клевета односно изнесени невистини преку интернет порталот Инфомакс.мк на ден 10.06.2018 година на начин што дозволил да биде објавен текст во кој се изнесени невистини дека тужителот Бојан Маричиќ откако станал дел од тимот на Владата и директно е вклучен во преговорите за името со Грција за неполни година дена станал милионер, па откако станал дел од владиниот тим кој преговара со Грција купил плац на елитна локација во Дебар Маало, па дека не само што е сопственик на имотот дека тој самиот е инвеститор и ќе гради зграда од 5 спрата, која ќе се простира на најмалку 1000 метри квадратни во строгиот центар, потоа дека ќе се запрашате од каде Маричиќ преку ноќ стана милионер и дали огромното богатство со кое тој се стекнал е резулатат на неговото учество во преговорите со името, а дека доколку неговата поврзаност со преговорите со името е причина за тоа што преку ноќ станал милионер, тоа немало да биде прв таков случај, односно дека поранешниот Министер за внатрешни работи Љубе Бошковски добил оргомна сума на пари од грчки бизнисмен, кој натпис е со невистинита содржнина и штети на угледот на тужителот, па
​ СЕ ЗАДОЛЖУВА второтужениот да му исплати на тужителот на име надомест на нематеријална штета заради повреда на честа и угледот износ од 50.000,00 денари со законска казнена камата во висина на референтната стапка на НБ на РСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за осум процентни поени сметано од денот на пресудувањето 31.01.2020 година, до исплатата како и да му ги надомести трошоците во постапката во износ од 39.588,00 денари, се во рок од 15 дена по приемот на пресудата.
​ СЕ ЗАДОЛЖУВА второтужениот изреката на оваа пресуда веднаш по нејзината правосилност да ја објави на интернет порталот Инфомакс.мк, како и на негов трошок да ја објави во еден дневен весник на простор не помал од една осмина од страницата од првата до петтата страна од печатеното средство за јавно информирање.
​Поголемото тужбено барање за разликата од досудениот износ на нематеријална штета од 50.000,00 денари до побаруваниот износ од 99.000,00 денари, како и поголемото барање за трошоци во постапката, према второтужениот, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.
​Тужбеното барање на тужителот со кое бара да се утврди одговорност за клевета за објавениот натпис на порталот Инфомакс.мк на ден 10.06.2018 година на страна на првотужениот Александар Митовски и да се задолжни првотужениот да му надомести нематеријална штета во износ од 99.000,00 денари како и да му ги надомести трошоци во постапката, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Израел го третира како терористички напад?!…

Драматични тврдења за насилството во авионот на…

Мега-измама со социјална помош во Британија: Бугарката…

Бугарка која учествувала во најголемата измама со…

Муцунски: Проширувањето на Европската Унија е стратешка…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Проф. Ачкоска: По лажниот костур на Филип…

„По лажниот костур на Филип II Македонски,…

Академик Стојков за најновиот грчко-бугарски „пазар“: Нема…

Не е научно потврдено дека моштите кои…