Зголемен број на зaболени деца на возраст меѓу 6 и 14 години

t

Д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести, по нејзиниот денешен состанок, истакна дека има зголемување на нови случаи на заболени со ковид-19 меѓу децата од шест до 14 години, главно меѓу оние кои ја следат наставата со физичко присуство, но нема простор за загирженост.

– Апелираме буквално да се следат протоколите за настава со физичко пристуство, а учениците и родителите да го прифаќаат тестирањето – подвлече Петличковски, соопштувајќи дека се отвораат дополнителни три пунктови за тестирање во Скопје – во Ѓорче Петров, Идадија и Битпазар.

На овие пунктови тестирањата ќе може да се закажуваат од матичен лекар.

Кумулативниот леталитет од ковид-19, од почетокот на болеста до денес, е три отсто, соопшти денеска претседателот на Петличковски. Како што рече, одговорајќи на новинарски прашања, во јануари починале 382 лица од кои 233 невакцинирани и околу 150 вакцинирани, но повеќето само со втора доза примена пред повеќе од шест месеци.

-Според бројките од 1 до 31 јануари, од 382 починати 233 се невакцинирани, а околу 150 и нешто се вакцинирани, но најголем дел од вакцинираните се вакцинирани пред повеќе од шест месеци и немаат примено трета доза. Околу 30-тина, пак, биле вакцинирани во рок помал од шест месеци – информира Петличковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Данец со камера скриена во пенкало, снимал…

Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и…

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…