(Фото) Хортикултурно се уредува булеварот Србија

t

Од град Скопје известуваат дека се уредува зеленилото по должината на булеварот Србија.

Ова е соопшетнинето до Град Скопје:

“Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве хортикултурно ги уредуваа средишната жардиниера и десниот коридор на булеварот Србија, на потегот од улицата Христо Татарчев до булеварот Борис Трајковски.

На овие јавни зелени површини со вкупна површина од 670 квадратни метри е нанесена плодна земја, а обновени се системот за полевање и тревникот. Денеска, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ на оваа локација засадуваа зимзелени садници од видот туја.

Според проектот, новоформираниот зелен појас на булеварот Србија покрај зимзелените садници ќе го красат и листопадни грмушки. Избраните видови садници што ќе ја разубават оваа локација имаат отпорност на издувни гасови и аерозагадување, со оглед на тоа што станува збор за високо фреквентна сообракајница. Исто така, избраните видови садници нема да ја попречуваат видливоста на коловозот за учесниците во сообракајот.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги продолжуваат активностите за собирање лисја, отпадоци и хартија од зелените површини, а започнаа и со садење цветен расад од видот виола во цветните леи низ градот, како и копање дупки по должината на булеварите како подготовка за пролетното садење.

Со зеленило деновиве се уредува и јавна површина од 1.496 квадратни метри на улицата Бутелска.” – соопштуваат од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…

Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Повеќе лица меѓу кои и две жени…

Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…

19 годишно момче загина во сообраќајка во…

Попладнево во скопската населба Радишани се случила…