(Видео) Вознемирувачко: Ајкула уби пливач
Пливач починал откако бил нападнат од ајкула долга четири метри. Преплашените очевидци велат дека ги слушнале врисоците на мажот додека крвта ја боела водата.
Молскавично се шири застрашувачка снимка од плажата Литл Бич Беј во Австралија, на која преплашени локални рибари гледаат како пливач го напаѓаат ајкули. Амбулантни возила на итната медицинска служба веднаш пристигнале на местото, односно во близина на заливот Лилт во источен Сиднеј, откако ја добиле пријавата.
По алармот, спасувачките хеликоптери и спасувачите на скутери се вклучиле во потрагата по пливачот и по ајкулата убиец, а на десетици локални капачи им било наредено да излезат од водата, пренесува Дејли Мејл.
Набргу потоа во водата биле пронајдени останките на пливачот. Пронајдени се и делови од неговиот костум. На видеото јасно се гледа телото, половина каснато од ајкула, изјавил полицаец за локалните медиуми. На застрашувачката случка присуствувале бројни сведоци.
#Sydney #Australia. Just this afternoon. Guy mauled by 4.5m #greatwhite #shark. This is filmed by dudes on scene. Guy was spear fishing. #littlebay #botanybay pic.twitter.com/3UFE6Oeb2m
— DW (@danieloverheard) February 16, 2022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Храбро девојче од Флорида преживеа напад…
Девојче од Флорида преживеално напад од ајкула…
(Видео) Вознемирувачко: Ајкула уби пливач
Пливач починал откако бил нападнат од ајкула…