Пак да му аплаудираме на Филипче: Без донациите на Јапонија ништо не правиме
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска, на средба со амбасадорот на Јапонија Хиронори Савада, ѝ се заблагодари на Јапонија за поддршката на Македонија преку донации во некои од најважните сектори за европскиот пат на земјава, како и за поддршката во однос на подобрување на животот на граѓаните според стандардите на развиените земји. Само за време на пандемијата Македонија од Јапонија добила над 800 илјади евра помош за здравствените интитуции, а покрај тоа со реконструира училишта, дава комунални возила и разна друга помош.
Според соопштението, на средбата било разговарано за досегашната билатерална соработка, успешната реализација на проектите од јапонските грантови, како и унапредување на соработката со нови бизнис релации и инвестиции.
„Финансирањето на развојни проекти за одржлив економски и социјален развој, е од суштинско значење за државата и за нејзините евроинтеграции“, истакнал Маричиќ.
Јапонија, како што се наведува, е еден од нашите најголеми донатори и поддржувачи на европската интеграција.
Од Секретаријатот велат дека јапонската финансиската поддршка ќе се алоцира кон проекти кои ќе придонесат во остварувањето на европската агенда. Затоа следниот период фокусот ќе биде ставен на реализација на проекти во областа на здравството, образованието и животната средина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Бројот на луѓе постари од 100 години…
Бројот на луѓе постари од 100 години…
Во Токио се подготвува „Брза помош“ за…
На улиците на Токио наскоро би можело…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…