Мицковски нема да подржи пазар со Бугарија
Преговарачките позиции се подриваат со тоа што се лицитира со идентитетот на македонскиот народ и со идентитетот на Македонија како држава, со тоа што Артан Груби, Али Ахмети и Бујар Османи лицитираат со промена на Устав, а тоа го потврдува администраторот Ковачевски, слепиот следбеник на заевизмот. Така се подриваат преговарачките позиции, вака одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање за тоа дека со неговата изјава дека договор донесен на шверцерски начин за прашањето со Бугарија нема да биде прифатлив за наредната власт која би била предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се подриваат преговарачките позиции.
Мицкоски додаде дека преговарачките позиции би се зацврстиле доколку се прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ и се подржи декларацијата за Гоце Делчев во Собранието.
„Со барање да се подржи декларација за титанот, великанот Ѓорѓи Делчев во Собранието, не само што се зацврстуваат, туку на тој начин уште повеќе се дава тежина на тие преговарачи кои се на маса и преговараат. Така што тезата било каква и да е многу погрешна и не одговара на реалноста. Затоа и понудив единство и затоа понудив да застанеме сите заедно во одбрана на Македонските национални интереси затоа што на народот у е преку глава од корумпирани и криминализирани политичари на сметка на идентитетот на македонскиот народ да се богатат и да градат политички кариери“, потенцираше Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советот на Европа ја повикува Бугарија да…
Комесарот за човекови права на Советот на…
Детали за трагедијата во Бугарија: Детето го…
6-годишно дете го уби татко си во…
Трагедија во Бугарија: 6-годишно дете по грешка…
6-годишно дете по грешка го уби својот…
ВМРО-ДПМНЕ гумат таблоид, сеат шпекулации за да…
Разбирлив е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од претседателот…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…