Арсовска: Владата веќе еден месец не одговара на барањата на ЗЕЛС, бараме итен состанок со премиерот и економските ресори за финансиckа помош за општините
Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, во емисијата Економски магазин на ТВ Алсат, зборувајќи за кризата со електрична енергија и барањата за финансиска помош на ЗЕЛС, истакна владата мора да им излезе во пресрет, бидејќи тие сами не можат да се справат со зголемените трошоци.
„Барањата на ЗЕЛС се барања на 81 општина, вклучувајќи го и град Скопје. Вчера имавме можност за дискутираме на седницата на управниот одбор и едногласно ги носиме вие одлуки а тоа е дека итно и неодложно бараме да одржиме еден состанок во полн состав со сите градоначалници и оние кои што се членови на Управниот одбор на ЗЕЛС со претставници на владата односно премиерот и економските ресори, како би можеле да изнајдеме решение за состојбата во која се наоѓаме во овој момент. Ова е предизвик кој што не може лесно да се надмине и е нешто за коешто треба детлно да се разговара, да се аргуметира, да се стават фактите на маса, за да се види што може да се преземе, а пред сѐ, во интерес на граѓаните. Значи не е ова нешто коешто треба да им се помага на општините затоа шшто општините генерално, самите како такви немаат личен интерес, ова е интересот на граѓаните коишто треба да се стави пред сѐ, затоа што ако овие јавни услуги не пристигнат до граѓаните, граѓаните се оние коишто на крајот се оштетени“, вели Арсовска.
Градоначалничката изјави дека ЗЕЛС барањата за финансиска помош ги доствила пред еден месец, но сѐ уште не добиле одговор од Владата дали тие барања ќе бидат прифатени и покрај тоа што некои општини веќќе се соочуваат со рестрикции, а дел од нив и со исклучување.
„Она коешто ние го доставивме, заклучоците од претходните управни одбори на ЗЕЛС, кои, повторувам, едногласно беа донесени, се дека прво,треба да се разговара дали може да се има конкретно надоместување на разликата на сметката за електрична енергија за општините од пред и за време на кризата затоа што општините се соочуваат со еден голем „гап“. Нивните буџети се лимитирани, голем дел од општините се презадолжени, но и да не би биле презадолжени, да земаат во делот на редовните буџети да се обидат да предвидат со ребаланс нешто коешто би требало да се покрие во делот на електричната енергија и снабдувањето, тие ќе го изедат целиот буџет со само две сметки за струа. Што ќе прават потоа? Очигледно е дека проблемот е навистина голем. За тој да се реши, потребно е да се седне на маса и да се аргументира. Ние повеќе од еден месец немаме одговор на она што иницијално го дадовме како барање, а тоа е да се излезе во пресрет по неколку точки кои ги побаравме. До сега, ние одговор немаме. Разбираме дека треба да се разгледа, меѓутоа времето тече, сметките се генерираат и долговите се генерираат, а дел од општините веќе отпочнуваат со рестриктивни мерки, а дел се соочени и со целосно исклучување на струја. Не е само проблемот дека тиe ќе се обидат да репрограмираат, ќе се обидат на рати да ги платат долговите, проблемот е што и јавните претпријатија, образовните иснтитуции се соочени со истите проблеми, а таму веќе нема како да се помогне, дотациите веќе се намалени од она што се имало претходната година. И навистина треба да се има обзир за нешто што е реално оправдао и издражано, да се одржи овој состанок и да се заземе генерален став за тоа како ќе се помогне“, додаде градоначалничката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…