Грчкиот парламент ратификува три договори за вооружување – За што се подготвуваат?

t

Грчкиот Парламент одобри три договори за зајакнување на Грчките вооружени сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Еден од договорите, одобрен со поддршка на владејачката Нова демократија, опозициската партија Движење за промени (KINAL) и партијата Грчко решение, предвидува купување на 6 воени авиони од типот „Рафал“, вториот договор за 3 фрегати од типот „Белхара“ и третиот договор за купување на 44 торпеда за користење во подморници.

Лидерот на најголемата опозициска партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, во својот говор во Парламентот, критикувајќи ја Владата дека издвојува висок буџет за трошоците за одбрана во време на пораст на инфлацијата, рече: „Нема да дадеме бланко-чек ниту за едно евро од грчките даночни обврзници.“

Од друга страна, премиерот Кирјакос Мицотакис истакна дека спогодбите за кои станува збор ќе ја зголемат оружената моќ и геополитичката важност на Грција.

Мицотакис во септември 2021 година сооопшти дека бројот на воени авиони „Рафал“ што ќе се купат од Франција, ќе се зголеми од 18 на 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција остварила 16,5% повеќе приходи од туризам

Грција остварила над 16 отсто повеќе приходи…

Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Двајца Срби, членови на бандата Пинк Пантер…

Полициски службеници од грчкиот Оддел за гонење…

Грчкиот МНР: Грција нема да гласа за…

Грција следниот месец ќе се воздржи од…