Инфраструктурен бум во Србија: Вучиќ го пушти во употреба брзиот воз од 200 километри на час

t

Претседателот Александар Вучиќ присуствуваше на промотивното возење на новиот брз воз на пругата Белград – Петровадин.

„За прв пат во возот на Штадлер, 200 километри на час низ Србија“, објави Вучиќ на својот профил на Инстаграм, со видео и фотографии од промотивното возење.

Тој посочи дека инфраструктурните проекти се многу важни за Србија.

„Што се однесува до инфраструктурата низ Србија, тоа се одлични работи“, рече Вучиќ.
Тој го прашал директорот на „Српска железничка инфраструктура“, Небојша Шурлан дали се движат со 200 километри на час, на што Шурлан одговорил дека возот од Батајница до Карловац цело време се движел со таа брзина.

„Кога сонувате и поставувате високи цели, кога работите вредно и вредно, тогаш соништата се остваруваат. Заедно можеме се“, изјави Вучиќ.

На промотивното возење со претседателот присуствуваа министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Томислав Момировиќ, министерката за заштита на животната средина Ирена Вујовиќ и претседателот на покраинската влада Игор Мировиќ.

Претходно претседателот Вучиќ најави дека на почетокот на март граѓаните ќе можат да возат брза пруга, 200 километри на час, од Белград до Нови Сад за само 35 минути.

„Од центарот на Белград до центарот на Нови Сад за 1.600 динари, за 35 минути, бидејќи тој воз нема да застане измеѓу. Билетот во вториот воз ќе биде поевтин, ќе трае 55 минути, а ќе застанува на неколку станици, Земун, Батајница, Пазова, Инџија, Чортановци, Карловци, Петроварадин“, изјави тогаш Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Србија чува кокошки кои несат…

Весна Козак од Падина одгледува околу 40…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…