Знаете дека имате Ковид-19 но тестот е негативен? Еве дел од причините зошто тоа се случува
Не се гледа крајот на пандемијата, секојдневно бележиме зголемен број на заразени, а во наша близина веројатно многумина неодамна се заразиле или повторно прележале COVID-19.
Но, забележани се и многу случаи на луѓе со симптоми по близок контакт со заразен, но тестот на коронавирус да е негативен. Таквата ситуација воопшто не ги радува експертите бидејќи е потенцијално опасна. Ако лицето е заразено, а тестот е лажно негативен, постои можност да ја рашири заразата.
Тешко е веднаш да се одреди дали тоа лице избегнало зараза или тестот е лажно негативен.
Постојат неколку причини за тоа:
Можен е лажно негативен тест
Негативните резултати од тестови кај луѓе со симптоми во најголем број се покажале како лажно негативни. Дури и ПЦР тестот може да биде лажно негативен, најчеста причина е неправилното земање примерок. ПЦР тестот има чувствителност на околу 60% и затоа за целосна точност на примерокот треба да се земе според протокол.
Количината на вирус е помала
Малата количина на вирус во телото исто така може да биде една од причините за негативен тест, тоа не значи дека лицето не може да има симптоми, туку според сите досегашни истражувања има мала количина на вирус и веројатно поретко може да го пренесе вирусот на други.
Што да направите ако се сомневате?
Ако сте биле во контакт со лице позитивно на коронавирус или сте развиле симптоми треба да се изолирате. Ако ПЦР тестот се покаже негативен, направете проверка и во друга лабораторија, пишува Times of India.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Грција ќе се ексхумираат 150 гробови…
Пет години по погребите, распаѓањето на телата…
Истрага во Британија: 23.000 луѓе умреле од…
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон имал лош…
Детектирана е нова варијанта на Ковид-19 во…
Нова варијанта на коронавирусот моментално циркулира во…
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…
Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…
За една недела починале 4 лица: Регистрирани…
Во периодот од 9 до 15 септември…