Денес и утре привремен сообраќаен режим на улицата Беласица
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на улицата Беласица ќе се воведе изменет режим на сообраќај со почеток од денес (18.02.2022 година, петок) во 19 часот и ќе трае до сабота (19.02.2022 година) до 24 часот.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, велат од Град Скопје.
Привремениот сообраќаен режим се воведува поради изградбата на атмосферска канализација чие приклучување е предвидено со попречен прекоп на улицата Беласица на нејзината западна страна, на аголот меѓу улицата Беласица и булеварот Гоце Делчев, како дел од проектот за изградба и реконструкција на булеварот АСНОМ (фазна реализација).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…