Објавено на:

Предупредување за бура во Британија: Службите го вклучија црвениот аларм

t

Британската метеоролошка служба денеска издаде ретко црвено предупредување за областа на Лондон и југоисточна Англија поради силните ветрови што ги донесе бурата „Еунис“, а на милиони луѓе ширум земјата им беше кажано да останат дома.


Во предупредувањето се наведува дека постои опасност по животот и дека се очекуваат значителни нарушувања поради едно од најтешките бури што ќе го погоди Обединетото Кралство во последните неколку децении.


Бурата „Еунис“ денеска ќе предизвика значителни нарушувања и опасни услови поради екстремно силните ветрови“, соопшти метеоролошката служба.
Стотици училишта ќе бидат затворени, сите возови во Велс се суспендирани, а армијата е во подготвеност.


Синоптичарите предупредуваат дека бурата „Еунис“ денеска би можела да донесе налети на ветер до 145 километри на час, што би предизвикало значителни нарушувања и прекини на електричната енергија.


Црвените временски предупредувања се ретки и значат дека покривите би можеле да бидат однесени, да се урнат далноводи и да се искорнат дрвјата и дека летечкиот отпад може да биде опасен по живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија и Франција клучни за европската одбрана,…

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…

Шест од десет Британци сакаат државата да…

Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…

Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…

Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…

Силна бура и дожд во Грција: улиците…

Бурата „Адел“ ја зафати Атика, носејќи силни…

Кралот Чарлс за нападот во воз кај…

Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…