Се зголемува зеленилото во Скопје: Булеварот Илинден добива нов дрворед
Од Град Скопје известуваат дека булеварот Илинден добива нов дрворед.
Ова е соопштението до Градот:
“ЈП „Паркови и зеленило“ денеска засади нови квалитетни садници на булевар Илинден спроти градските бараки. Новиот дрворед е составен од квалитетни зимзелени и листопадни дрвја и дополнително ќе го зазеленат булеварот.
Град Скопје е силно фокусиран на подобрување на заштитата на животната средина. Нови зелени површини и садење на дрвја е дел од реализацијата на концептот за зелен и чист град, преку уредување на нови паркови, нови зелени површини, сезонски акции за садење на нови квалитетни садници и нови дрвореди во Скопје.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…
Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…