Ситуацијата ескалира – Киев повторно го гpaнатираше Донбас, Западот молчи

t

Украинската армија ги гранатираше градот Горловка и селото Зајцево , кои се под контрола на самопрогласената Доњецка Народна Република, соопшти Центарот за контрола и координација на режимот за прекин на огнот.
Како што се наведува, нападот следел во вечерните часови, од минофрлачи од 120 милиметри и покрај тоа што тоа оружје било забрането со договорите од Минск.

Ситуацијата во Донбас се влошува, а попладнево одекнаа сирени за евакуација од самопрогласените републики Доњецк и Луганск, а во меѓувреме во центарот на Доњецк одекна силна експлозија.
На пат кон Русија беа забележани колони возила, а претседателот Владимир Путин нареди се да се подготви за пристигнувањето на бегалците во Ростовската област.

Киев е подготвен да стори се за повторно воспоставување на режимот за прекин на огнот во Донбас, изјави министерката за реинтеграција на привремено окупираните територии на Украина, Ирина Верешчук.
„Се надеваме дека контакт групата ќе се состане во сабота. „Подготвени сме да работиме на повторно воспоставување на прекинот на огнот“, рече таа.

Портпаролката на МНР Марија Захарова изјави дека она што се случува во Донбас е геноцид од Киев.
„И сега западните партнери си дозволуваат да се сомневаат дека ситуацијата таму не е онаква каква што велиме дека е, дека таму нема масовни гробници, дека можеби се лажни вести, дека ситуацијата таму не е како геноцид. Не, тоа навистина не е како геноцид, тоа е геноцид. Можеби не во иста мера како во Африка, но дали треба да работиме со квантитативни параметри ако седум години гинат деца, жени, цивили, кога луѓето не знаат што е мирен живот, кога звукот на граната е нешто сосема нормално за нив?“ вели Захарова за телевизија „НТВ“.

Русија е подготвена да учествува на итниот состанок на контакт групата за решавање на кризата во југоисточна Украина поради ескалацијата на тензиите.
Извор од Москва наведува дека Русија е подготвена доколку Киев и Донбас се договорат да одржат средба.

Лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република Денис Пушилин изјави дека ситуацијата во Донбас, за жал, води кон војна. „Офанзивата (на Украина) може да започне целосно во секој момент. „Апсолутно се е подготвено за тоа“, изјави Пушилин за телевизијата „Русија 24“.

Соединетите Американски Држави веруваат дека веста за евакуацијата и експлозиите во Донбас е изговор за започнување на операцијата „под туѓо знаме“ против Украина, изјави за Спутник висок претставник на американскиот Стејт департмент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден побара продолжување на испораката на оружје…

Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Украина најде одговор за рускиот Орешник?

Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…