Ковачевски – Петков: Дијалогот носи решенија за заедничка европска иднина

t

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, во тек е средба на претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков.

На средбата во насока на продолжување на политичкиот дијалог воспоставен меѓу двете Влади присуствуваат и заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Присутните изразија задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа.

Двајцата премиери ја оценуваат како позитивна работата на експертските групи и остварената непосредната комуникација и секторската соработка како ефективен метод за продлабочување на односите и подигање на нивото на политички дијалог, и изразија надеж дека соработката и дијалогот носат најголеми придобивки за граѓаните и водат до решенија и до заедничка европска иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ќе ја добие втората жена премиер…

Бугарскиот премиер Румен Радев ја назначи Горица…

Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…

Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…