(Видео) Како да не постои: Скaндал на самитот – министерот ја игноpираше Урсула фон дер Лајен
На самитот на ЕУ и Африканската унија, министерот за надворешни работи на Уганда, Одонго Јеје Абубакар, помина покрај Урсула фон дер Лајен без воопшто да ја поздрави.
Одонго Јеје Абубакар требаше да се ракува со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателот на Франција Емануел Макрон, пренесува Б92.
Но претставникот на Уганда помина пред единствените жени во таа тричлена делегација и се ракуваше само со мажите.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, не се ни обиде да ја поправи работата, само претседателот на Франција, Емануел Макрон, на крајот му посочи на министерот за надворешни работи на Уганда дека не може, а да не ја поздрави Урсула фон дер Лајен.
El ministro de Relaciones Exteriores de Uganda, Haji Abubaker Jeje Odongo, niega la mano a Ursula Von der Leyen en la cumbre entre la Unión Africana y la Unión Europea pic.twitter.com/jOTwBBz3SX
— El Periódico de España (@ElPeriodico_Esp) February 18, 2022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Возбудлив говор на Урсула во ЕУ…
За време на говорот на Урсула Фон…