Објавено на:

Најнови „рaзузнавачки“ информации: Рускиот напад би бил повеќе тајна операција отколку офанзива и инвазија

t

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, изјави дека најверојатното сценарио за руски напад врз Украина не е целосна инвазија, туку операција под лажно знаме или државен удар.

Инвазијата не е целосно невозможна, но не сум сигурна дека тоа е навистина најверојатното сценарио – истакна Баербок во обраќањето на Минхенската безбедносна конференција.

Таа ги наведе како најреално сценарио за рускиот напад врз Украина операцијата лажно знаме, државен удар, кибер напад или онеспособување на украинската витална инфраструктура.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера изјави дека постојат стравувања оти Русија може да исценира причина за воен напад врз Украина и дека НАТО има информации за присуство на голем број руски разузнавачи во регион Донбас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…