Се укинуваат гратис влезниците во МКЦ

t

Младинскиот културен центар соопшти дека од 1 март ќе бидат укинати гратис-влезниците.

Од МКЦ велат дека како јавна културна установа цврсто стојат зад нивната програма и целта е да се пронајде формат со кој ќе биде утврдена вредноста на сечиј уметнички авторски труд.

– Оваа пракса не е непозната за европските културните центри, па следејќи ги позитивните светски практики одлучивме да го укинеме овој негативно популарен тренд кај нас. Од 1 март 2022, за секоја ‘неодложна’ категорија на соработници, медиуми или спонозори и донатори, која ќе може со посебна уредба да добиe повластен билет, тој билет ќе биде наплатен со вредност од 50 денари – велат од МКЦ.

Сите средства генерирани од издавање на овој тип билети ќе одат во посебен фонд, креиран специјално за оваа намена. Од него, на крајот на годината посебно тело преку јавен конкурс ќе ги додели средствата на млади автори, самостојни уметници или колективи, за финансирање на издавањето или презентацијата на нивните дела (издавање албум, продукција на изложба, трошоци за турнеја…).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…

Завршена е постапката за набавка на новите…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…

Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…

„Од почетокот на март следната година, ќе…

Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…

По повод големиот јубилеј, 100 години од…

(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…

На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…