Објавено на:

Столтенберг: Сè укажува дека Русија планира целосен напад на Украина

t

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа во Минхен изјави дека сè укажува дека „Русија планира целосен напад” на Украина, пренесе Бета.

– Сите се согласуваме дека ризикот од напад е многу голем”, изјави Столтенберг за германската телевизија АРД во Минхен, каде што учествува на Минхенската безбедносна конференција.

Неименуван претставник на Алијансата претходно изјавил дека НАТО го префрлил својот персонал во Украина од Киев во Лавов, во западниот дел на земјата, и во Брисел, за да ја осигура нивната безбедност.

– Безбедноста на нашиот персонал е најважна, така што персоналот е преместен во Лавов и Брисел. Канцелариите на НАТО во Украина остануваат оперативни, рекол претставник на НАТО, без да го прецизира бројот на персоналот.

Неколку западни земји веќе ги префрлија своите дипломати од Киев во Лавов, град во близина на границата со Полска, во очекување на можна руска воена акција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим…

Апасиев очекува над 80 илјади гласови и…

Резултатот од првиот круг реално беше очекуван,…

Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна…

САД засега нема системи за противвоздушна одбрана…

Мојсковска: Левица со антикорупциска платформа ќе се…

Денес, носителот на листа на ИЕ5 од…

Таџикистан им нареди на своите граѓани привремено…

Министерството за надворешни работи на Таџикистан упати…