Благ пaд на бројот на зaболени и починaти, регистрирани се 81 рeинфекции
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.974 тестови, а регистрирани се 668 нови случаи на КОВИД-1.
Скопје – 340, Битола – 43, Куманово и Струмица – по 33, Охрид – 30, Прилеп – 23, Тетово – 22, Кавадарци, Велес, Штип и Кичево – по 15, Гевгелија – 11, Струга и Богданци – по 9, Гостивар, Неготино и Свети Николе – по 8, Ресен и Дебар – по 5, Кочани, Крива Паланка и Демир Капија – по 3, Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 2, Берово, Валандово, Виница, Кратово, Крушево и Демирр Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (668), регистрирани се 81 реинфекции.
Регистрирани сe 887 оздравени пациенти од: Скопје – 621, Битола – 39, Куманово – 36, Кавадарци – 32, Велес – 31, Неготино – 19, Гевгелија – 13, Тетово и Кичево – по 11, Прилеп и Гостивар – по 10, Ресен – 8, Штип – 5, Охрид, Богданци, Свети Николе, Кочани, Крива Паланка и Демир Капија – по 4, Струмица, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 3, Берово – 2, Струга, Македонски Брод и Валандово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Прилеп (80г, 80г и 81г), 2 починати лица од Скопје (78г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (75г) и Струга (60г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително нема пријавени починати лица.
Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 3.974 тестови преку: ИЈЗ-270, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-98, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–321, Жан Митрев (Филип Втори)-62, Авицена-71, Биотек-101, Систина-51, лабораторија Лаор-132, Синлаб-8, Ремедика-0, Плодност-41, Генеа-10, Никоб Лаб-295, ВФВ Медикал-43, Ели Медика-30, Ројал Медика–19, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–20, Жан Митрев Струмица–15, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.153.
Досега во земјата се направени вкупно 1.870.093 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 293.328, бројот на оздравени пациенти е 276.835, на починати е 8.898 а бројот на активни случаи изнесува 7.595.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Бајден позитивен на Ковид
Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…
Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…
Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…