Придвижена тешка aртилерија на силите на Киев, се подготвуваат бopбени операции по целата контактна линија
Ситуацијата во Донбас не се смирува веќе трет ден. Гранатирањето на украинската армија предизвика големи штети на цивилната инфраструктура на Доњецката и Луганската народна република, поради што овие самопрогласени републики на 18 февруари најавија евакуација на населението во Русија и прогласија општа мобилизација.
Луганската народна република соопшти дека забележуваат активирање на сите видови разузнавачки служби на украинските сили и активно користење на беспилотните летала „Бајрактар ТБ2“ за извидување, а секој ден нивните рути се поблиску до линијата за контакт.
Украинската армија се обиде 42 пати во текот на денот да изврши извидување во близина на контактната линија со помош на беспилотни летала, додаде Луганската народна република.
Народната милиција на Луганската народна република соопшти и дека забележала тешка артилерија на силите на Киев и нејзино интензивно користење во текот на ноќта и не исклучува провокации во блиска иднина.
„Ситуацијата е исклучително тензична. Киев се подготвува да започне борбени операции по целата контактна линија“, истакнаа претставниците на Луганската народна република.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…