Голема акција во Скопје: МВР упадна во 18 угостителски објекти, привeдени седуммина, ова се деталите
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност викендов (17, 18 и 19 февруари) постапувајќи по претходно изготвен план на БЈБ за контрола на угостителски објекти во Скопје, извршија контроли во 18 угостителски објекти.
При тоа приведени се три лица, кај кои е пронајдена прашкаста материја и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по член 215 од КЗ.
Четири лица се приведени затоа што кај нив биле пронајдени ножеви и против нив ќе бидат поднесени пријави по член 80 од Законот за оружје.
Од МВР најавуваат дека ваквите контроли продолжуваат и во наредниот период
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…
Полицијата во периодот од 24 до 26…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…