Објавено на:

Америка подготви нови санкции против Русија – на удар банките

t

Американската администрација подготви санкции против Москва, кои ќе вклучуваат забрана за процесирање трансакции на големи руски банки, пишува Ројтерс, повикувајќи се на извори.

Станува збор за „прелиминарен“ пакет рестриктивни мерки кои Вашингтон ќе ги активира само во случај на руска „инвазија“ на Украина.

Според западните медиуми, мерките имаат за цел да и наштетат на руската економија преку прекинување на „дописничките“ односи меѓу руските и американските банки, кои овозможуваат меѓународни плаќања. Конечниот список на банки против кои ќе бидат воведени санкции се уште не е формиран, но извори на агенцијата веруваат дека во него најверојатно ќе се најдат руските банки „ВТБ“, „Сбербанк“, „ВЕБ.РФ“ и „Газпромбанк“.

Според соговорникот на Ројтерс, САД имаат намера да воведат санкции и против руски правни и физички лица. Мерките вклучуваат исклучување од американскиот банкарски систем, забрана за трговија со американски граѓани и замрзнување на имотот во САД.

Западните земји неодамна изразија загриженост поради наводните опасните акции на Русија во близина на границите на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОРАЗИТЕЛНИ БРОЈКИ! Андоновска: 3,4 доктори, 0,9 стоматолози…

-На 1000 жители имаме 3,4 доктори, вклучително…

Жена од Србија чува кокошки кои несат…

Весна Козак од Падина одгледува околу 40…

Македонија е најдобро рангирана во регионот според…

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен…

(Видео) Полицијата во Висконсин застрелала вооружен напаѓач…

Американската полиција вчера пукаше и уби ученик…