Ковачевски бега од избори за да може да краде: СДСМ испумпува милиони преку купување на струја

t

Во партиско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, партијата реагира на неприфаќање на лидерска средба од страна на Премиерот Димитар Ковачевски.

Го пренесуваме соопштението во целост:

“Ковачевски бега од избори за да продолжи да краде милиони во енергетска криза.

Димитар Ковачевски не прифаќа лидерска средба затоа што сака да продолжи да краде. Само во текот на месец февруари за купување на скапа струја се потрошени 58 милиони евра.

СДСМ испумпува тешки милиони за купување на струја, затоа што претходно испумпуваа пари преку тендери во РЕК, и не ископаа ниту јаглен на време, ниту пак ја регулираа работата на хидроакумулациите.

Ковачевски бега од избори, затоа што тој не сака решение на кризата, тој сака да ги краде парите на граѓаните преку големи набавки, кои ги правда под превезот криза.

Во однос на ставот за Бугарија, срамота е што Ковачевски бега од национално единство.

Ковачевски само го интересира неговата политичка кариера и профит.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…