Поднесено барање за свикување седница на Комисијата за избори и именувања со цел назначување на уставни судии

t

Од ВМРО-ДПМНЕ известуваат дека пратеничката група поднела предлог и барање за започнување на постапка за избор на уставни судии во Уставниот суд на Република Македонија.

Го пренесуваме соопштението во целост:

“Почитувани,

Денес, како пратеници од повеќе политички партии во Собранието на Република Македонија започнуваме постапка и поднесуваме барање до претседателот на Собранието за свикување на седница на Комисијата за прашања и изборите и именувањата.

Имено, врз основа на член 120 став (2) од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, ние како пратеници бараме да се закаже второто продолжение на 13-тата седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Ова барање го поднесуваме со потписи на седум од вкупно 13 членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Оваа наша иницијатива за закажување на седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ја поднесуваме до претседателот на Собранието на Република Македонија поради тоа што досегашниот претседател на Комисијата беше избран за Градоначалник на локалните избори во октомври 2021 година и оттогаш работата на оваа Комисија е закочена.

Бидејќи владејачкото мнозинство постојано ја обвинува опозицијата за блокада на работата на Собранието, а од друга страна повеќе месеци не назначува нов претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, ние согласно членот 120 став 2 од Деловникот, ја превземаме оваа иницијатива со цел откочување и продолжување со работа на оваа Комисија. Ова е шансата на власта да покаже дали има искрена намера за откочување на работата на оваа Комисија или само напразно ја обвинува опозицијата.

Како одговорни пратеници, водејќи се од итноста, потребата и барањето од Уставниот суд на Република Македонија, ние предлагаме да се свика седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата веднаш и уште во текот на утрешниот ден да се одржи седницата и да се изберат уставните судии на Уставниот суд на Република Македонија.

Нашата цел е ефикасност и подобрување на правосудниот систем во целост, и токму затоа бараме и ги повикуваме колегите пратеници од мнозинството да го поддржат ова наше барање и час поскоро да се одржи оваа седница и конечно по повеќемесечно чекање да се изберат уставните судии.” – вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател…

Претседателот на државата, неговата сила и функција…

Ана Брнабиќ избрана за претседател на Народното…

По тридневна расправа за избор на претседател…

СДСМ: Претседател се бира на непосредни избори,…

Остануваме на ставот претседателот на државата да…

Денеска ќе се бираат новите министри за…

Собранието денеска треба да ја продолжи 143.…

Изгласани измените на Законот за субвенциониран студентски…

Собранието попладнево со 74 гласа „за“, без…