Славјанка повторно го вознемири Путин: Се сретна со украинската колешка, вели Македонија го поддржува суверенитетот на Украина

t

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и ополномоштената амбасадорка на Украина Наталија Задорожњук, денеска остварија средба во Министерството за одбрана, на која уште еднаш било потенцирано дека нашата земја како и сите останати земји членки на НАТО дава недвосмислена поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Петровска, како што информираат од нејзиниот Кабинет, на средбата истакнала дека како земја-членка на НАТО, Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО и правото на секоја земја да се определи за својата иднина.

Амбасадорката Задорожњук, се вели во соопштението, изразила благодарност за недвосмислениот став за поддршка на Северна Македонија на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, и поддршката за политиката на отворени врати на НАТО.

Петровска, исто така, го потврдила ставот на Северна Македонија дека најдобро решение е дипломатското решение на кризата во Украина, како и поддршката за напорите на НАТО за користење на сите дипломатски и политички алатки за намалување на тензиите и де-ескалација на ситуацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Романија е приведен поранешниот кандидат за…

Поранешниот кандидат за претседател Калин Георгеску е…

Медиумте го тужат Трамп поради забраната за…

Три новински организации чии новинари минатата недела…

ТРАГЕДИЈА ВО СТРУМИЧКО: Усмртен 47-годишен пешак

На 21.09.2026 околу 01:30 часот во СВР…

Почина уште еден пациент заразен со западнонилска…

Шеесет и шестгодишен кумановец кој бил со…

Природна смрт утврдена кај планинарот најден вчера…

Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти детали…