(Видео) Анкета – Македонците не би во војна ни со Украина, ни со Русија: Илјадници ни се иселија, немаме веќе деца за давање
Од Инфомакс ги прашавме случајните минувачи во центарот на Скопје дали Македонија треба да се вмеша во украинската криза, како сметаат дека треба да постапиме во таа ситуација, дали граѓаните гледаат корист од нашето членство во НАТО, како и тоа дали веруваат во способноста на македонската армија да го зачува територијалниот интегритет на нашата држава и да нè одбрани кога би дошло до воена дестабилизација.
Минуавачите кои ги прашавме, во најголем дел сметаат дека Македонија треба да остане неутрална и да не се меша во Украинската криза, додека мал дел одговорија дека треба да помогнеме или да се приклучиме кон одлуките на НАТО.
– Искусен господин ни посочи дека младината ни се отсели, македонија нема кого да мобилизира, а и тие што се овде немаат обука и воен тренинг што прави нашата држава да нема резервен воен состав.
За алијансата пак, мислењата подеднакво поделени. Едни велат дека не гледаат опиплива корист од НАТО, додека пак други сметаат оти НАТО е единствен гарант на нашиот територијнален интегритет.
– Помлад познавач на состојбите ги истакна скандалите на бугарскиот евро-пратеник Ангел Џамбаски и повиците за окупација на Македонија од разни бугарски политичари и запраша „Тие ли ќе не бранат?“. Додека други сметаат дека нашето членство во НАТО е клучно, оти сами не можеме, особено за последното прашање, каде ги прашавме минувачите дали веруваат во капацитетите и способностите на армијата да не одбрани и исполни своите уставни должности доколку дојде до воена дестабилизација, на што најголем дел ни одговориија дека македонската армија е мала и не е способна сама да дејствува, поради што, сами никако не можеме и секогаш ќе мораме воено да дејствуваме здружени со други.
Погледнете…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Марија Габриел ќе биде втор човек во…
Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…