Ни се повторува преспанскиот договор: Добро-соседскиот не успеа, ни спремаат ново, посилно национално омаловажување

t

Јасна порака од Петков или ненамерна грешка на бугарскиот тим на односи со јавност. Премиерот Димитар Ковачевски сака да верува дека објавената фотографија на фесјбук-профилот на бугарскиот премиер Кирил Петков со американскиот државен секретар Блкенкен а на која тој беше исфрлен е ненамерна грешка.

Бугарскиот премиер Кирил Петков пак денеска во објава на својот Фејсбук профил објави дека никој нема да ги спречи него и македонскиот премиер Димитар Ковачевски да напредуваат во односите меѓу Софија и Скопје.

– Јас и Димитар веруваме дека тоа е можно, и нема да подлегнеме на провокации, туку ќе работиме упорно и заедно да го постигнеме тоа. А на сите злонамерни страни можам само да им порачам „нема да не спречите!”. – изјави Кирил Петков, Претседател на владата на Бугарија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на брифингот со новинари откри дека целта е проблемот со Бугарија да биде затворен еднаш засекогаш преку сеопфатен документ.

Брисел одтанува на ставот дека единствено можно решение е она договорено меѓу Скопје и Софија. На Фејсбук се огласи доскорешниот вицепоремиер Димитров, тој вели дека со евентуалното заедничко писмо на премиерите Ковачевски и Петков во кој земјава ќе се обрзе да ги стави бугарите во уставот, автоматски бугарското барање ќе стане европско. Во тој случај и Бугарија мора да се обрзе на нешто, инаку такво еднострано исполнување на бугарско барање може да биде рамно на национален пораз, додава Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…