Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН за кризата на руско украинската граница
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го повика Советот за безбедност на Обединетите нации веднаш да одржи седница за кризата помеѓу Русија за Украина.
Кулеба на Твитер напиша дека најмоќното тело на ОН треба да се состане за да разговараат за итни дејствија насочени кон деескалација, како и практични чекори за гарантирање на безбедноста на Украина.
„Официјално побарав од земјите-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации веднаш да одржат консултации според член 6 од М еморандумот од Будимпешта за безбедносни гаранции за да разговараат за итни дејства насочени кон деескалација, како и практични чекори за гарантирање на безбедноста на Украина“, напиша тој на Твитер.
Во друга објава на Твитер тој потенцира дека не само Украина, туку целиот свет внимателно ги следи дејствијата на Русија во однос на признавањето на ЛНР/ДНР.
„Сите ги сфаќаат последиците. Има многу емоции, но токму сега сите треба мирно да се фокусираме на напорите за деескалација. Нема друг начин“, апелира шефот на украинската дипломатија.
Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека одлуката за признавање на сепаратистичките региони во Украина ќе биде донесена денеска.
Водачите на сепаратистичките региони денеска објавија телевизиски изјави во кои апелираат Путин да ги признае како независни држави и да потпише договори за пријателство кои предвидуваат воена помош за да ги заштитат од, како што ја опишаа, тековната украинска воена офанзива. Долниот дом на рускиот парламент изнесе слично барање минатата недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…