Сега ви пречи Путин, каде бевте кога Бугарите го говореа истото за Македонија

t

Новинарот Милош Милошевски, на социјалните мрежи ги коментираше реакциите на евроспките и светски лидери кои ја осудија изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, дека Украина не треба да постои. Тој потсети дека не само што никој не се огласи кога Бугарија зборуваше така за Македонија, кога Џамбаски снимаше спотови во кои изјавуваше дека Македонија е бугарска земја, туку и сите активно учествуваат во уценувањето на една мала држава како Македонија

Во продолжение целиот пост

Путин го започнува својот говор до нацијата обвинувајќи го Владимир Ленин дека ја создал Украина.
Во неговата реторика, Украина нема право да постои.
Гледам сега ова се коментира од Брисел до Вашингтон…
Па добро бе Ескобаровци и Урусли кај бевте кога бугарски политичари говореа дека Македонија е Титова творба?
Кај бевте кога оној фашистон Ангел Џамбаски кој случајно или не потсетува на еден лик од серијата „Ало Ало“ снимаше спотови во политичка кампања дека Македонија е бугарска земја?
Не само што молчите туку и сте соучесници уценувајќи една мала држава како Македонија да се откаже од својот идентитет за да влезе во вашиот клуб.
Епа да ви кажам дека двојните стандарди ве уништија и делегитимираа…
После Косово немате право да говорите дека сецесијата е спротивна на меѓународното право.
Со своето однесување кон Македонија дефакто го одобривте сето она што вечерва Путин и го соопшти на јавноста.
Обединетите нации требаше да стават крај на „реал политик“ како што некои ваши и наши аналитичари милуваат да кажат ама први ги погазивте во моментот кога станавте број еден супер сила бидејќи чуму ќе ни е меѓународно право кога Америка е judge,jury and executioner…
Е сега баравте, гледајте, а ќе има и што уште гнасни работи да се изнагледаме бидејќи човекот и онака по природа е гнасен, само општеството ни дава привид дека тоа не е така..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…

Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…