Денеска е Св. маченик Никифор
Во третиот век во Антиохија живееја двајца многу блиски пријатели, Саприкиј и Никифор. Но, еден ден тие толку се налутија еден на друг, што не сакаа очи да си видат.
По некое време Никифор ја сфати бедата на лутината и побара прошка од Саприкиј, кој беше свештеник.
Овој не сакаше ни да чуе. Сите молби остануваа попусти. Во тоа време, при едно гонење на христијаните, Саприкиј беше затворен и ставен на маки, зашто не се окажуваше од Христа. Најпосле го осудија и го поведоа кон губилиштето.
По патот Никифор повторно со солзи го молеше да му прости, но на Саприкиј срцето му остана тврдо.
Така и ја изгуби благодатта и на губилиштето се откажа од Христа, а Никифор, гледајќи го тоа, самиот побара и беше погубен наместо него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнуваат Преподобните Исакиј, Далмат и…
Исакиј се празнува уште еднаш посебно (под…
Денес се празнува Откривање и пренос на…
Кога злите Евреи го убија со камења…
Во прегратката на Богородичната Градина – првото…
Со особена трогнатост, духовна радост и благодарност…
Денес се празнува Преподобната маченичка Параскева
Родена е во Рим од родители христијани.…
Денес се празнува Света Ана
Мајката на Пресвета Богородица. Денес се празнува…