Објавено на:

Го поддржаа Путин: Венецуела, Куба, Сирија и уште неколку држави ги признаа Доњецк и Луганск

t

Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, е еден од првите светски лидери што го поддржаа ставот на Русија за Украина. Тој рече дека претседателот Владимир Путин бил во право кога ја признал независноста на двата региони под контрола на проруските сили.

Поранешниот марксистички герилец, која ја предводеше Никарагва од 2007 година, откако првпат дојде на власт во 1979 година, го бранеше потегот на Путин да ја признае независноста на Доњецк и Луганск за време на говорот во Манагва, пренесува Ројтерс.

„Сигурен сум дека жителите на Донбас, доколку одржат референдум како оној на Крим, ќе гласаат за припојување на тие територии кон Русија“, рече Ортега.

Претседателот на Никарагва, исто така, нагласи дека обидот на Украина да се приклучи кон Северноатлантската алијанса (НАТО) претставува закана за Русија, а потегот на Москва во таа смисла го објасни како одбранбен.

Минатата недела рускиот вицепремиер Јуриј Борисов ги посети Никарагва, Венецуела и Куба, клучните сојузници на Русија во Латинска Америка, и рече дека Русија ќе ги продлабочи билатералните врски со сите три земји.

Соединетите Американски Држави соопштија дека последните избори во Никарагва, во ноември, биле наместени во корист на Ортега, воведоа санкции кон официјалните лица на Никарагва и предложија поради тоа Никарагва да биде исфрлена од Организацијата на американските држави, наведува Ројтерс.

Освен Русија, самопрогласените републики во границите на Украина ги признаа и Венецуела, Куба, Никарагва, Сирија, Јужна Осетија, Абхазија и Јемен.

Извор МКД.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…