Кацарска загрижена за Преспанскиот договор? Како ќе одлучуваме за договорот со 5 уставни судии?

t

Односот на пратениците е несериозен, како да не ја сфаќаат улогата на Уставниот суд . Се прашувам дали некому одговара Уставниот суд да е во ваква ситуација, изјави претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска на новинарско прашање дека и по упатеното писмо од судот до претседателот на Собранието Талат Џафери се уште не е свикана собраниската Комисија за избори и именувања за избор на нови четири уставни судии.

-Единствена надлежност на Уставен суд е да се обрати до Собранието, Уставниот суд во април се обрати дека на тројца судии им престанува мандатот, а во ноември јас го информирав претседателот на Собранието Талат Џафер дека уште на еден судија му престанува мандатот.

Упатив писмо со апел да се изнајде начин да се изберат овие судии. Имаме деловничка надлежност да работиме и со пет судии, но тежината на одллуките кои ги носиме е поинаква ако за таа одлука дискутираат 9 судии. Има многу битни предмети за граѓаните и несериозно би било за нив да одлучуваат само 5 судии. 

Може да одлучуваме за сите предмети бидејќи за среќа немаме предмет за кој е потребно двотретинско мнозинство, но не е во ред за указите за Преспанскиот договор и Законот за јазиците каде е оспорена уставноста не само на указите туку на законите во целост, несериозно е одлука за нив да донесат само 5 судии – вели Кацарска.

Таа потврди дека во декември истекува уште еден манадт на судија и дека тогаш ќе има целосна блокада на Уставниот суд и со тоа угледот на Македонија ќе биде нарушен и пред меѓународната јавност.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува Преспанскиот договор

Мое човеково право, гарантирано со многу конвенции,…

Ќе му ја отвори ли можноста Добрила…

Македонија се наоѓа пред нова Уставна криза…

Косово го ратификуваше договорот со Македонија за…

Собранието на Косово го ратификуваше договорот потпишан…

Османи: Постигнат договор за дел од американскиот…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека…

Кузеска: Мицкоски и Таравари да не кријат…

Стево Пендаровски ќе биде кандидат за претседтел…