Вртоглав пад на вредноста на криптовалутите поради украинската криза
Пазарот на криптовалути значително ја намали својата пазарна капитализација во изминативе 24 часа, откако се зголемија тензиите помеѓу Русија и Украина.
Во текот на вчерашниот ден имаше нагорен тренд односно можна стабилизација на крипто пазарот, но по состанокот на рускиот Совет за безбедност и последователно признавањето на независноста на двете украински сепаратистички републики, следуваше нов драстичен пад на вредноста на криптовалутите.
Капитализацијата на пазарот на криптовалути се намали за високи 6,80 проценти во изминатите 24 часа, а според податоците на веб-страницата „Coingecko” моментално изнесува 1,75 трилиони долари.
Биткоинот ја намали вредноста за 4,95% во изминатите 24 часа и моментално се тргува по цена од 37.117 долари.
Етериумот се намали за 6,39% во последните 24 часа и во моментов се тргува по цена од 2.546 долари.
Кај помалите криптовалути падот на вредноста е уште поголем и надминува 10 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД запленија ирански криптовалути во вредност од…
Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, изјави…
Нов извештај тврди: Трамп ја претворил Белата…
Нов извештај на Комитетот за правосудство на…
Разбиена европска мрежа за измами со криптовалути
Европските власти разбија долгогодишна шема за измама…
Трамп го потпиша законот за криптовалути во…
Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша Законот…
Прилепчанец останал без 3.000 евра, се излажал…
61-годишен прилепчанец бил измамен за сума од…