Шилегов решил да помине поефтино: Фалат цели два столба во планот за Универзална сала, се реконструирала половично
Поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов, вети дека автентичниот изглед на Универзална сала нема да се менува, објектот ќе го задржи постојниот облик и големина за да се сочува колективната меморија за Универзална како симбол на меѓународната солидарност искажана кон Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година.
Но, олчигледно решил да помине поевтино и неквалитетно.
Грешка и недостатоци во проектната документација која што е изработена и прифатена од претходното раководство на град Скопје е причина за намалениот интензитет на активностите за реконсрукација на Универзалната сала, соопшти Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во денешната пресконференција која ја пренесуваме интегрално.
-„Поради грешка во проектната документација, продолжувањето какви било градежни активности предвидени во првичниот проект за реконструкција на Универзалната сала значи опасност по безбедноста на граѓаните. Има грешки во проектот и поради тие грешки наместо планираните столбови постојното решение потребно е да се зајакне со дополнителни 2 носечки столба, но детектирани се и бројни други недостатоци, истакна Арсовска.
Во денешната изјава градоначалничката Арсовска посочи дека документацијата за реконструкција на Универзалната сала во моментов се одвива фаза во која се прави реконструкција на фасадата и кровен покривач, додека за следна фаза за внатрешното уредување на објектот воопшто не е изработена ни проектна документација за изведба на внатрешниот дел. Овие информации се јасно наведени и во извештаите за текот на активностите во врска со реконструкција и адаптација на Универзалната сала.
По воведување во работа, изведувачот се соочува со низа проблеми од обемен карактер, односно се појавуваат проблеми поради неусогласеност на проектот со постојната состојба на објектот, како и низа неочекувани состојби со градежно конструктивните елементи на истиот, односно воопшто непостоење на арматура во темелни ѕидови, испукана армирано-бетонска плоча на сцена, неочекувани постојни темели на места на кои се предвидени новите конструктивни елементи и слично.
Да се направела соодветна анализа пред да се земе овој дониран проект и да се изведуваат градежни активности по него, веројатно вакви проблеми кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на овој објект не би имало“ – изјави Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…