Американски војници и оклопни возила се истоварија во Бугарија
Околу 150 американски војници и воена опрема ќе пристигнат во Бугарија на заедничка обука, соопшти денеска бугарското Министерство за одбрана.
Американските војници и оклопни возила денеска и четврток ќе преминат од Романија во Бугарија за да учествуваат во обуката насочена кон зајакнување на компатибилноста на војниците, се наведува во соопштението на Министерството во Софија.
Според договорот на НАТО со сојузникот Бугарија, САД можат да задржат до 2.500 американски војници во неколку заеднички бази во таа земја.
Минатата недела, министерот за одбрана Стефан Јанев најави дека американската војска ќе биде стационирана во воената база Ново Село во источна Бугарија на заедничка обука
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…
Румен Радев ја повика Европа на дијалог…
Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…
Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…
Бугарската влада во вторник се задолжи за…