ЕУ изгласа нов пакет санкции пpoтив Русија

t

Министрите за надворешни работи на Европската унија на вонредна седница донесоа одлука во пакетот санкции против Русија да се вклучат мерки против одредени банки, изјави шефот на европската дипломатија Џозеф Борељ по седницата.
„Министрите ги вклучија во пакетот санкции банките кои ги финансираат оние што носат одлуки во Русија, како и други операции на териториите на ДНР и ЛНР“, рече Борељ .
Шефот на европската дипломатија посочи дека рускиот претседател Владимир Путин не е на листата на санкции на Европската унија.
Според него, ЕУ е подготвена да ја слуша Русија и да го продолжи дијалогот со Москва, а не во услови на воена опасност.

„Русија е загрижена на полето на безбедноста, ајде да разговараме за тоа, но не можеме да зборуваме кога има 140.000 војници на границите. Тешко е да се разговара под закана, но ние сме подготвени да ја земеме предвид загриженоста на Русија на полето на безбедноста, како и загриженоста на сите други страни“, рече Борељ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама: Целта на Албанија е членство во…

Премиерот на Албанија, Еди Рама оценил дека…

Лавров: Москва е подготвена на преговори со…

Москва е подготвена за преговори за решавање…

Од влезот во ЕУ, бројот на лекари…

Хрватска оваа година се најде на 26-то…

„Фајненшл тајмс“: Трамп ќе ја принуди Украина…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп наметнува мировен…

Вучиќ: Со Трамп мирот во Украина е…

Потребен е рационален пристап за да се…