ВМРО-ДПМНЕ со јавен повик за нови претседатели на општинските комитети

t

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ со јавен повик за нови претседатели на општинските комитети.

Забележително е тоа што во рамките на гратскиот комитет Скопје, засега повикот е само за општинскиот комитет Центар.

Јавен повик за кандидирање на Претседатели на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод, Центар, Куманово, Пехчево, Делчево, Зелениково, Чешиново – Облешево, Штип, Карбинци, Свети Николе, Пробиштип, Градско, Чашка, Радовиш, Валандово, Дојран, Гевгелија, Демир Капија, Росоман, Кривогаштани, Новаци, Долнени, Крушево и Демир Хисар

Врз основа на член 35 став 1 алинеа 11 и член 42 став 1 алинеа 5 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, се објавува Јавен Повик за кандидирање за претседатели на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите за претседатели на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ е потребно да се достават биографија (CV), мотивационо писмо и план за работа на Општинскиот комитет, кандидатите за претседатели на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ е потребно да се членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите треба пополнетите материјали да ги достават најдоцна до 07.03.2022 година во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (Плоштад ВМРО, Палата д-р. Христо Татарчев бр. 1) во Скопје, Република Македонија или преку електронска пошта на [email protected].

ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците кои се доставени.

Сите кандидати имаат еднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Се поттикнуваат да се кандидираат сите кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција со цел заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…

Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…