Кичевчанец ја злоупотребил службената положба и овластување и ја оштетил државата за голема сума на пари

t

Од МВР известуваат дека ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.К.(63) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој, на 29.04.2021, во својство на раководител на Шумското стопанство „Лопушник“ од Кичево, незаконски склучил писмена спогодба со правно лице, кое без финансиски надомест требало да изврши отстранување на дрва од обележани траси кај месноста „Прострање Белица“.

Од проверките извршени од Одделението за внатрешна ревизија на Јавното претпријатие „Национални шуми“ било констатирано дека за склучената спогодба не било дадено овластување од директорот на Јавното претпријатие „Национални шуми“. Со тоа пријавениот овозможил да биде исечено буково огревно дрво во вкупна маса од 332,5 метри кубни при што е причинета материјална штета од 2.327.500 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професор во средно училиште во Кичево натепал…

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…

Малолетник се ранил со воздушна пушка додека…

Малолетник од Охрид се ранил себеси со…

Тешка сообраќајна несреќа кај Кичево: Се судриле…

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на…

Напад со нож пред угостителски објект во…

На 02.05.2026 во 00:10 часот, во ОВР…