Ниту имало куќа за Груевски, ниту се переле пари: Странска компанија сакала да инвестира во Македонија и да гради домови за стари лица!
Ниту имало куќа за Груевски, ниту перење на пари туку сериозна фирма од Австрија сакала да инвестира во изградба на домови за стари лица, но и да изгради институција за рехабилитација.
Токму ова попладнево го посведочи во Кривичниот суд сведокот Оливер Димитровски на рочиштето за „Плацеви на Водно.
Димитровски е основач и сопственик на фирмата за корпоративни недвижности „Њу веј лимитед“ основана уште во 2005 година. Фирмата со која раководи тој од своето формирање до денес работи со корпоративни недвижнини, аналитика и истражување на пазарот.
Димитровски открива дека австриската фирма планирала да гради во Македонија ланец на домови за стари лица, а поради тоа водечки лица во компанијата оствариле 10-тици посети на Македонија, посети при кои се сретнале и со македонскиот бизнисмен Орце Камчев.
-Тие планираа да отвораат пензионерски домови во цела Македонија и впрочем главна цел им беше Скопје и првиот дом кој што планираа да го отворат требаше да се наоѓа на позната, фрекфентна локација каде ќе бидат видливи дека се присутнина пазарот. Имаа сериозно разработена комерцијална формула за нивното функционирање и беа навистина спремни и дојдоа голем број ати во посета на Македонија, како локалното раководство така и високо профилирани директори од централата на компанијата во Австрија и бараа од мене да организирам состаноси со потенцијални сопственици на имоти каде би инвестирале.
Сведокот барајќи локација каде да инвестира Австриската компанија истакна дека од бизнисменот Орце Камчев добил две локации од кои една на Водно, а една кај „Филип 2“, додека барал повеќе локации да понуди за можна странска инвестиција за отворање старечки домови, но за жал оваа директна странска инвестиција не се остварила.
-Околу странската инвестиција беше инволвиран целиот мој тим кој ми даде разноразни истражувања на пазарот за тоа колку чини метар квадратен земја и каде има слободни локации за градба. Од Камчев конкретно добив две локации, едната на Водно и тогаш прв пат слушнав за овие плацеви на Водно, другата локација кај Филип Втори во близина на 8-ми септември. Во проектната програма на Сенекура нивната идеја беше да започнат со таканаречен флагшип пензионерски дом на локацијата на 8-ми септември, имаа цел да отворат 10 пензионерски домови сите случни по квадратура и изглед и еден рехабилитационен центар за што не беа сигурни дали тоа сакаат да биде локацијата Скопје, Водно бидејќи е своевидна воздушна бања или Охрид.
На прашање од Камчев, дали земјиштето на Водно во периодот 2016 – 2018 година било наменето да се продаде на странска фирма за изградба на старечки домови, сведокот рече „да, но дека за жал тоа не се реализирало“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватските газди бараат магационери „под дрво и…
Хрватските газди моментално бараат повеќе од 2.000…
Мојсоска: Дали професорката по уставно право ќе…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку објава…
Радост во Скопје ЗОО: Две нови бебиња…
Од Зоолошката градина Скопје денеска објавија дека…
Застрашувачки вести од Харков: Повеќе од пола…
Русија го нападна енергетскиот систем на Украина…
КАТОЛИЦИТЕ СЛАВАТ БОЖИК: Папата Франциск ја отвори…
Папата Франциск вчера ја предводеше бадниковата миса…