Герасимовски се оградува: Земјиштето кај „Треска“ било приватно, дали ќе има бетонско здание не било до општината

t

Нова планерска куќа ќе ангажира општина Центар за уредување на просторот на поранешната фабрика „Треска“. Овој простор ќе се уредува во рамки на деталниот урбанистички план за Буњаковец 1 и 2 кој треба да претрпи измени.

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски вели дека општината го раскина договорот со планерската куќа „Инпума“ и сега ќе бара нов планер кој треба да го направи ДУП-от во кој ќе треба да предвиди решенија и за просторот кај „Треска“.

Герасимовски не може да каже дали при изработката на планот ќе се земат предвид решенијата од конкурсот за тоа што да се гради на просторот. Под притисок на граѓанските организации, професори и архитекти, конкурсот лани беше распишан од општина Центар.

– Имаме идејно архитектонско решение, а дали нешто ќе биде применето од конкурсот ќе видиме, тоа треба да го кажат правниците, со оглед дека таму е приватно земјиште и не можеме да спречиме луѓето да дооформуваат парцели и да бараат да градат. Конкурсот кој беше спроведен е скапа анкета за слушање стручно мислење – вели Герасимовски.

Тој вели дека на планерот ќе му бидат дадени насоки дека на тој простор има и приватно земјиште.

– Изминат е голем период каде што луѓето купиле некои парцели, се задолжиле во банки, плаќаат камати. Имаме можности за тужби, значи седнуваме и се договараме за да немаме тужби. Утре ќе се блокира општината, кој ќе го плати „цехот“ на крај – прашува Герасимовски.
– Пишува Вечер прес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силниот ветер искрши гранки од дрвја во…

Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…