Тeнзично и во Егејот: Грчки брод пукaл кон турски рибарски чамец

t

Министерството за надворешни работи на Турција испратило демарш до Грција поради инцидентот во Егејското море меѓу патролен брод на грчката крајбрежна служба и турски рибарски чамец, кога од грчка страна биле испукани неколку предупредувачки истрели во воздух.

Според грчката крајбрежна служба истрелите биле на безбедно место, а според турската крајбрежна служба еден од рибарите бил повреден во ногата.

Грчката крајбрежна служба соопшти дека инцидентот се случил кога турски рибарски чамец рибарел во грчките територијални води, во делот меѓу островите Хиос и Инусес и не одговорил на повиците за повлекување, упатени од екипажот на грчкиот патролен брод.

Наместо да се повлече, рибарскиот чамец направил „опасни маневри“ , се приближил до грчкиот брод, се обидел да го удри и го нападнал со разни предмети, камења и слично.

По ова, од патролниот чамец на крајбрежната служба, беа испукани предупредувачки истрели во воздух и на безбедно место, по што турскиот рибарски брод се повлече кон исток – соопштија од грчката крајбрежна служба.

Турска страна коментира дека е „неприфатливо пукање во беспомошни рибари и тоа е злосторство против човештвото“.

Грчките медиуми објавија дека за инцидентот реагирала официјална Анкара со протесна нота до амбасадата на Грција во Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…

Турција го блокира Инстаграм

Овој потег уследи по коментарите на турскиот…

Турција ќе ги заловува, но нема да…

Турскиот парламент усвои закон што налага сите…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…