(Видео) Карпош нема пари ни за ручек: И власта и опозицијата треба да се обединат за да заштедат 15 милиони евра

t

Во емисијата Тешки муабети на Инфомакс, се зборуваше за актуелната економска ситуација на Општина Карпош и градоначалникот Јакимовски изнесе информации дека Општината е во крајно тешка положба.

„Се виде дека не било лесно да се води општина, не било лесно да се организира таа општина. Карпош од водечка општина дојдена е на ниво, ако ви кажам кога го усвоивме буџетот сакав да ги почастам советниците еден ручек ама Општина Карпош нема ни ручек да плати, до таму е дојдена работата, морав да молам спонзори да не спонзорираат.Повеќе пари имаат и Чаир и Бутел и Гази Баба и Кисела Вода…” – кажа Јакимовки.

Митовски посочи дека општината била оштетена за 15 милиони евра поради несогласување околу ДУПот на општината.

„Неколку луѓе кои се промовираат за социјалисти ја променија идеологијата тотално ама станаа капиталисти. Околу ДУП-от каде е отцртана бензинска пумпа и јас колку што знам општината би била оштетена за околу 15 милиони евра доколку тоа земјиште повторно не му се понуди на тој што го купил. Знам јас еден човек кој им наредил на неговите советници да не гласаат, за таа дозвола и така би ја оштетиле општината.” – вели Митовски.

Јакимовски дополни дека во тоа било вмешано и министерството за транспорт и врски, кое имало притисоци да не се донесе планот.

„Во текот на 2015та или 2016та од повеќе сопственици кои работат во делот на снабдување со нафта доаѓаа кај мене со барање каде би можеле да изградат бензинска пумпа. Тоа стана култно место за карпошани, бензинската работи одлично. Таа требаше да биде на местото кај што е зградата на Чифлиганец но граѓаните се побунија и решивме да ја сместиме на Булевар 8 Септември, од бочната страна. Да продадеме земјиште и да земеме пари нормално, а бензинската е надвор од урбаниот дел и не смета на граѓаните. Имаше огромен интерес се појавија 5 фирми кои се натпреваруваа и постигнавме изворедни 2,5 милиони евра за мала пумпа со два столба за полнење. Настанува некој проблем околу гасоводот со МВР а во меѓувреме Уставен суд го укинува нацртот и бензинската пумпа си ги бара пароте назад. Сега планот мораше да го донесеме до последното рочиште за да не платиме 15 милиони евра. Министерството за транспорт според мое мислење имало притисоци да не се донесе планот. Една советничка група ме извести дека нема да гласа за тој план и јас бев фрапиран. Не смееме да дозволиме ваква ситуација, за 15 милиони евра треба да се обединат и власт и опозиција!” – раскажува Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ