Османи експресно го осуди нападот на Украина – Во овие тешки времиња ние сме со нив
Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, рано утринава на Твитер го осуди нападот на Русија кон Украина.
“Денешната одлука на Кремљ за воени дејствија на руските воени сили не се ништо помалку од акт на агресија и почеток на војна против Украина, акти кои ги осудуваме на најсилен можен начин, напиша на Твитер министерот за надворешни работи Бујар Османи.
-Во овие тешки времиња ние сме со Украина”, – додава во објавата на шефот на македонската дипломатија.
Нападите кон Украина започнаа во 5 часот наутро, Украина пренесува дека се нападнати од сите страни. Во исто време продолжуваат гранатирањата на Доњецк и Луганск од страна на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…