Објавено на:

Македонски фудбалски репрезентативец чека можност да ја напушти Украина

t

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Ѓоко Зајков кој е член на укранска Ворскла е безбеден по руската инвазија на Украина.

Стоперот овој јануари ја засили Ворскла по заминувањето од Софија, а во изјава за ФФМ, потврди дека е на безбедно и дека со организиран транспорот наскоро ќе ја напушти Украина.

-Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците, кои сме тука да се организира превоз со мини бус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови.

Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментално работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да пренесам, изјави Зајков за ФФМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борел: Ако не е западното оружје, Украина…

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…

Зеленски: Очекуваме силен руски напад кон крајот…

Украина се соочува со „нова фаза“ на…

Захарова за изјавата на Камерон дека Украина…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Зеленски: Првиот мировен самит за Украина е…

Првиот мировен самит за Украина, кој ќе…

Британскиот МНР Камерон: Украина има право да…

Според британскиот министер за надворешни работи Дејвид…